fbpx

Мицотакис бара оставки од Ципрас и Каменос поради спорот со името

-

Најголемата грчка опозициона партија Нова демократија бара од Владата на Ципрас да излезе со единствена и јасна позиција за името на северниот сосед.

„Ако премиерот и неговиот министер за одбрана Каменос не можат да изградат заеднички став за важно национално прашање како што е името, тогаш нека си поднесат оставка“, рече претседателот на партијата Кириакос Мицотакис во интервју за весникот „То Вима“.

Реакцијата на Мицотакис следува откако помалиот коалиционен партнер во Владата, Каменос порача дека неговата партија Независни Грци нема да се согласи со име кое ќе го содржи зборот Македонија.

„Да ги потсетиме Ципрас и Каменос да престанат да се однесуваат неодговорно. Тие се на власт и обврзани се да ги водат преговорите, а не опозицијата. Очекуваме од нив, ако се уште комуницираат меѓу себе, да излезат со заеднички став за името на северниот сосед“, велат од Нова демократија.

Од кабинетот на Ципрас обвинувањата на Мицотакис ги оценија како несериозни.

„Некои национални прашања не смеат да се разгледуваат од тесно партиски позиции. Ако имате јасен став за името, кажете го пред грчкиот народ“, се вели во соопштението од грчката влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...