Мицкоски: Заев не треба да се подготвува за предвремени избори туку за политичка пензија


       
Скопје, 30 септември, 2018 - 22:12 (META) 

Зоран Заев не треба да се подготвува за предвремени избори туку за политичка пензија, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање во однос на изјавата на премиерот Зоран Заев дека очекува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат одлуката на граѓаните на референдумот, во спротивно ќе мора да се оди на предвремени парламентарни избори.

Мицкоски не се изјасни конкретно, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати предвремени избори доколку Договорот не помине во Собранието.

Според него, референдумот е неуспешен и за тоа единствен виновник е Зоран Заев и штетниот Договор со Грција.