fbpx

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во Собрание зошто нема демократски амбиент

-

Христијан Мицкоски, претседателот на најголемата опозициска партија денеска пред Собранието изјави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на законодавниот дом се додека не престане, како што, „рече политичкиот прогон на власта кон неистомислениците“ и не бидат ослободени притворените за насилствата од 27 април.

– Во Македонија во моментов нема демократски амбиент за нормално функционирање на Собранието. Дванаесет проценти од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ или 5 проценти од собранискиот состав е во притвор под конструирано обвинение за тероризам – рече Мицкоски.

Тој ги повтори наодите на Народниот правобранител дека при приведувањето на пратениците на 28 ноември минатата година било прекршено начелото на пратенички имунитет со што како што наведе, надлежните органи извршиле противправно лишување од слобода на пратениците.

Мицкоски рече дека одговорноста е на власта и дека таа мора да избере помеѓу реформите и просперитетот и прогонот на политичките неистомисленици.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјавата ја даде пред еден од влезовите на Собранието придружуван од поголемиот дел од пратениците на опозициската партија, меѓу кои сепак не беа присутни Илија Димовски, долгогодишниот координатор на пратеничката група и пратеникот Антонио Милошоски, кои беа меѓу членовите на партијата кои бараа одложување на партискиот конгрес за избор на нов партиски лидер.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека пратеничката група е единствена и дека сите пратеници стојат на одлуките донесени на денешниот координативен состанок на партијата.

Прашан дали има комуникација помеѓу пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со претседателот на Собранието и со пратеничката група на СДСМ, Мицкоски рече дека постои, но се одвива преку ретки средби и состаноци кои се однесуваат на работата на одредени комисии. Тој потврди дека опозициската партија има формирано работна група за дел од реформските закони и дека комуницира и се координира со работната група на владејачкото мнозинство околу овие прашања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...