fbpx

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ гарантира стабилно мнозинство ако се отфрли законот за јазици

-

Жалам што за вакво крупно прашање како Законот за јазиците не се земаат предвид аргументите и фактите, туку практично се погазува Уставот и по секоја цена се обидува да се донесе закон кој не е уставен, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото видео обраќање до јавноста.

Според него, не е возможно законот да се донесе по демократски пат, а без притоа да се прекрши Деловникот на Собранието и да не се изврши упад во процедурите, бидејќи, како што вели, ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи од 36-те илјади веќе поднесени и прифатени амандмани.

– Бидејќи ваков клучен закон се настојува да се донесе без дебата и разговор со опозицијата, да се игнорираат забелешките од претседателот на државата, само за да се задоволат одредени политички апетити јасно е за каков случај на пазарење на сметка на уставот и законот имаме. Уште еднаш повторувам дека Зоран Заев ќе ја има поддршката на ВМРО-ДПМНЕ во обезбедувањето на парламентарно мнозинство, и стабилноста на владата само да не потпаѓа под уцените кои се на штета на државата и да не го донесе неуставниот закон – вели Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Македонија не смее да функционира по принцип на преседани и смета дека доколку се прекршат процедурите за носење на ова законско решение, тоа ќе значи воспоставување на нова незаконска практика и таа ќе биде применувана во иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...