fbpx

Мицкоски: Власта нè провоцира да го напуштиме Собранието

-

Власта посакува и провоцира ВМРО-ДПМНЕ да го напушти Собранието за да може да носи закони спротивни на интересите на граѓаните, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „Независен весник“.

Тој вели дека партијата донела одлука пратениците од нејзините редови да присуствуваат на вчерашната седница на која се обрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг бидејќи не сакале да се  злоупотреби евентуалното нивно неприсуство.

– Ние сме биле и остануваме со политиката ориентирани кон Европската Унија и НАТО, и нашиот протест е пред сѐ насочен кон власта која врши брутален политички прогон. Владата во Собранието протуркува дузина закони кои се штетни и без каква било демократска дебата. Тие не се подготвени да слушнат поинакво мислење, а едногласноста им одговора и затоа имам чувство дека нашето излегување од парламент е момент што се чека и посакува за да се носат закони спротивни од интересите на граѓаните. Со други зборови, провоцираат напуштање на Собранието, дефокусираат јавност со други теми, додека поминуваат „возови“ далеку од очите на јавноста – вели Мицкоски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ нема донесено одлука за конечно враќање во парламент, но „многу набрзо ќе има дефинитивна одлука“.

На прашањето каква е сега позицијата на неговиот претходник Никола Груевски во ВМРО-ДПМНЕ и дали сугерира со одредени одлуки и кадровски решенија, Мицкоски вели дека поранешниот лидер доаѓа во партијата и користи одредени канцелариски простории.

– Колку што знам, неговата намера е пред сѐ да се посвети на надградба на неговото примарно поле на интерес – економската науката. Иако нашите контакти не се пречести, добро е да се знае дека може во одредени моменти да се искористи неговото искуство преку неговите видувања за работите – вели Мицкоски во интервјуто.

Околу последните случувања со преговорите за спорот со името со Грција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека во моментот не се запознаени со деталите на преговорите и дека Владата го „држи процесот нетранспарентен“.

-Нашиот став, поврзан со евентуалната промена на нашиот Устав, а со цел промена на нашето уставно име е јасен и по тоа прашање тој е непроменет. Ги охрабруваме владите на Република Македонија и Република Грција да изнајдат достоинствено решение кое не би го нарушило македонскиот национален идентитет и конечно да се стави крај на ова прашање. Во однос на референдумот веќе имаме искажано став, а дали тој би успеал или не, зависи од многу фактори – вели Мицкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...