fbpx

Мицкоски: Сите партии да се откажат од средствата за кампањата за референдумот

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати апел до сите политички партии да се откажат од средствата за кампањата за референдумот, по примерот на неговата партија.

-Апелирам до владата средствата да ги пренамени за реконструкција и изградба на гимназија во Тетово. Но, истовремено еве да упатам апел до колегите од другите политички партии да не ги користат средствата коишто се предвидени, и истите да ги пренаменат за други цели коишто ќе бидат неопходни за решавање на вистинските проблеми на граѓаните. Еве апелирам и до пратеничката група на СДСМ и до останатите политички партии коишто се дел од владината коалиција да ги пренаменат средствата, наместо да ги користат во ваква стерилна кампања во која што ќе се обидат лагата да ја претстават како вистина, капитулацијата како победа – рече Мицкоски.

Тој предлага власта да ги пренамени парите за санирање на, како што вели, штетните политики на владата во земјоделието, како проблемот со лозарите.

Тој додаде дека неговата партија ќе промовира нов таканаречен политички волонтеризам.

-ВМРО-ДПМНЕ како што гледате е меѓу народот, ВМРО-ДПМНЕ е со народот. Од 10 септември и официјално започнува самиот старт на кампањата, го промовираме таканаречениот нов политички волонтеризам со голем број на волонтери ширум Македонија ќе се обидеме на граѓаните, без да ги трошиме нивните со мака стекнати пари да можеме да им објасниме на граѓаните за штетните последици од овој капитулантски договор кој што го потпиша владата на СДСМ и Зоран Заев, но, истовремено да се обидеме да го зачуваме достоинството на македонскиот народ и македонската држава – рече Мицкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...