Мицкоски се пожалил на Меј дека државата е во влошена економска состојба


       
Скопје, 18 мај, 2018 - 9:37 (META) 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вчерашната средба со британската премиерка Тереза Меј, која беше во кратка посета на Македонија, разговарал за актуелната политичка и општествена ситуација во земјава и можностите за соработка со Обединетото Кралство.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека државата е со влошена економска состојба, а граѓаните живеат се потешко. Тој стакна дека Владата демонстрира недостиг на демократски капацитет, но и нетранспарентност во однос на најчувствителното прашање, спорот со името. Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за отворени и поинтензивни односи со Велика Британија базирани на пријателство и меѓусебно разбирање“ соопшти најголемата опозициска партија.