This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Jan 19 23:08:27 2019 / +0000 GMT

Мицкоски побара вонредни парламентарни избори заедно со претседателските




Во првата изјава по усвојувањето на измените на Уставот во Собранието со 81 глас „за“, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побара распуштање на Собранието и одржување на вонредни парламентарни избори заедно со претседателските избори.

Мицкоски рече дека не ја поддржува промената на Уставот за промена на уставното име и дека со договорот од Преспа се нанесува огромна штета и неправда.

- ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш распуштање на парламентот и одржување на вонредни парламентарни избори заедно со претседателските избори, според законските прописи, и врз основа на минатото искуство, и на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи - рече Мицкоски.

Post date: 2019-01-11 20:43:54
Post date GMT: 2019-01-11 19:43:54
Post modified date: 2019-01-11 20:43:54
Post modified date GMT: 2019-01-11 19:43:54

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com