fbpx

Мицкоски: Нема да ги разрешиме Рангелова и Јанчев, се подготвуваме за избори

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски категорично ги демантира неофицијалните информации и пишувања во медиумите дека попладнево на седница на Извршниот комитет ќе бидат разрешени потпретседателот Митко Јанчев и Даниела Рангелова, претседателката на Унијата на жените.

Лидерот на опозициската партија за „Плусинфо“ оценува дека станува збор за шпекулации зготвени во кујната на социјалдемократите и јалов обид за дефокусирање на македонската јавност од суштинските проблеми во државата и од фактот дека референдумот беше неуспешен.

– Најостро демантирам дека на седница на Извршниот комитет ќе се случи какво било разрешување во партијата. Ниту сум помислил, ниту планирам да има такво нешто. Ние се подготвуваме за избори и немаме намера да се занимаваме со шпекулации на кујната на СДСМ по неуспешниот референдум. Јас како претседател и како човек во ниту еден момент не сум помислил на такво нешто. Со Јанчев имам добра комуникација, токму утрово со него разговаравме – вели Мицкоски и додава дека станува збор за редовна седница на Извршниот комитет на која партијата планира да ги заокружи подготовките за претстојните предвремени парламентарни избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...