fbpx

Мицкоски: Не се договарам со Џафери и Заев, власта прави атак врз демократијата

-

Во животот немам ниту една концесија, немам склучено ниту еден задкулисен договор, затоа што сум човек со чист образ и чест, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот „Фејсбук“ профил.

Тој појасни дека во Собранието немал средба со претседателот Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев туку дека бил во на координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи во јавноста се појавија информации дека, наводно, во тек е коордиантивна средба Мицкоски – Џафери – Заев.

– Денес власта и парламентарното мнозинство прават атак врз демократијата, ја поништуваат волјата на граѓаните. Парламентарното мнозинство во Собранието спрема настан кој не ја почитува волјата на огромен број македонски граѓани, го крши Уставот, Деловникот, ова е директен удар на соживотот во Македонија, од кој ниту Албанците, ниту Македонците нема да имаат подобар живот. Само две партии што се договориле врз грбот на етничките заедници мислат дека имаат ќар. Но, не државата и граѓаните – вели Мицкоски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ е против ваквото сценарио и дека партијата ќе остане да ги штити интересите на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...