fbpx

Мицкоски на средба со Борисов и Дол: Владата не го исполнува планот 3-6-9

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на покана на бугарскиот премиер Бојко Борисов во Софија се сретнал и со претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол, информираат од партијата.

На средбата се разговарало за европската агенда на регионот и за зајакнување на соработката во рамките на Европската народна партија, чиј составен дел е и ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски нагласил дека стратешки приоритет преставува членството во ЕУ како суштинска ориентација преку која треба да се овозможи унапредување на стандардите и овозможување на шанси за напредок. Тој посочил дека Македонија за жал има реформски процес кој се одвива под посакуваното ниво и планот на владата 3-6-9 останува неисполнето слово на хартија.

– Потребни се клучни подобрувања, пред сè реформа на судскиот систем, поддршка на економијата и стопанството и нејзин суштински развој, каде за жал досега имаме еден од најслабите економски резултати како држава, како и мерки за овозможување на квалитетно образование како клучен столб за развој на едно општество – истакнал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски во разговорот со Борисов посочил дека ВМРО-ДПМНЕ е за развивање на добрососедски односи, базирани на принципиелност и меѓусебно почитување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...