fbpx

Мицкоски: Македонија не е дивоградба која мора да се впише во катастар

-

Граѓани од Центар утринава во своите сандачиња добиле писмо потпишано од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кое тој им порачува дека е време да го кренат гласот, дека ќе стои рамо до рамо со нив во сите битки се додека, како што вели, не ја „направиме Македонија, стаменита, силна и непокорна“, објави „Фокус“.

Во периодот откако е СДСМ на власт, стои во писмото, стравот ја заменил демократијата, неморалот го заменил моралот, а непринципите ги замениле принципите.

„Корупцијата и криминалот цветаа како никогаш досега, преку ноќ се создадоа недопирливи луѓе, законот не важи за сите подеднакво, рекетот царува. Си поигруваат со човечки судбини, со судбините на убиените деца кај Смилковско, со судбините на семејствата на загинатите полицајци во кумановско Диво насеље. Непотизмот е главна одлика за вработување. Се вработува по партиски клуч. Советници стануваат криминалци и крајно некомпетентни луѓе. Младите се иселуваат не гледајќи никаква перспектива“, пишува во писмото на Мицкоски.

Македонија, вели Мицкоски, не е дивоградба која мора да се впише во катастар. Граѓаните, додава тој, имаат идентитет и минато од кое нема откажување.

„Знам дека не ме познавате доволно добро за да речете дека јас сум тој што треба да го поддржите. Јас сум само еден од вас и гледајте го на тој начин. И оттука не треба да ми верувате мене, туку барам да си верувате себеси. Затоа што јас верувам во вас“, додава тој во писмото.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во општеството владее хаос и апатија и додава дека тоа го „избрала историјата за нас“.

Во врска со својата партија Мицкоски самокритично посочува „не велам дека сме безгрешни и дека нема да грешиме, но ви ветувам дека умееме да се поправиме“, завршува тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...