fbpx

Мицкоски: Македонија е на дното во Европа по економскиот пораст

-

Денеска Државниот завод за статистика повторно ја потврди лошата економска политика на СДСМ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото видео-обраќање.

Тој додава дека со пораст на домашниот бруто-производ од 0,1 отсто „убедливо сме на дното“.

„Притоа, од приходна страна, пад од цели 37 отсто забележува градежниот сектор, што всушност и ја отсликува не-работата на Владата. Немањето на сопствени проекти и стопирањето на проектите од претходната Влада негативно влијаат врз македонската градежна оператива и македонската економија во целост“, вели Мицкоски.

Тој додава дека, дополнително, пад од седум отсто забележува просперитетниот сектор на информации и комуникации, за кој, како што вели СДСМ во својата кампања посветил големо внимание.

„Од расходна страна, падот повторно е алармантен кај бруто-инвестициите. Имено во првиот квартал од 2018 година, бруто-инвестициите забележуваат пад од 9 отсто, со што продолжува политиката на деинвестирање, својствен за СДСМ. Дополнително исполнувањето на капиталните инвестиции од само 7,4 отсто во првиот квартал од 2018 година придонесе јавната потрошувачка негативно да влијае врз БДП, односно да забележи пад од 1,4 отсто“, додаде Мицкоски.

Тој направи споредба со економиите во регионот и вели дека растот во првиот квартал во соседна Србија е за 46 пати поголем од тој за истиот период во Македонија.

„Слична е ситуацијата и во Бугарија. За 35 пати поголем раст има соседна Бугарија отколку што имаме ние во првиот квартал од 2018 година. Хрватска 25 пати, Полска, пак е рекордер каде што БДП во првиот квартал од 2018 година е за 51 пат повеќе од истиот во Македонија за истиот период во 2018 година“, додава Мицкоски.

Од СДСМ реагираа на видео-обраќањето на Мицкоски и велат дека „економијата се опоравува од пустошот и штетите што ги предизвика криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.“

„Преземените мерки од Владата ги санираат штетите и ја поставуваат економијата на здрави и реални основи. Нема веќе провизии и проценти за криминални, измислени и нереални проекти. Податоците од Државниот завод за статистика го покажуваат токму тоа. Во првиот квартал од оваа година забележан е раст во сите сектори, освен во нискоградбата. Причината за тоа се должи на запирањето на активностите на промашените, криминални прoекти на власта на ВМРО-ДПМНЕ, како автопатот Кичево – Охрид но и некои други патишта, каде што имаше огромни пропусти. По моменталниот застој, изградбата на автопатите ќе продолжи реално и правилно и тоа наскоро ќе рефлектира со раст и во делот нискоградбата со што ќе се интензивира и растот на БДП, кој на крајот ќе биде во рамките на предвиденото“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...