fbpx

Мицкоски: Јас сум за иднина во која нема да се „проституираме“ како народ и држава

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук-профил напиша дека тој е за иднина во која Македонија ќе ја водат принципиелни, чесни и од збор луѓе, а не аболицирани политичари, иднина во која политичарите што бараат мито ќе одат во затвор.

„Иднина во која нема да се проституираме како народ и држава, затоа што уценети и неспособни политичари се во владата, иднина во која нема министрите да си делат грантови и тендери на шибицарски начин, а премиерот ќе им прости со стерилно образложение дека немало да ги смени затоа што немал со кого да работи. Иднина во која моите студенти наместо да се збогуваат со мене после одбраната на дипломската работа ќе ме консултираат во која фабрика и кое работно место ќе го прифатат овде во нивната татковина, иднина во која нема мојата татковина да биде рекордер по бројот на мртви новороденчиња во Европа“, напиша меѓудругото Мицкоски на неговиот фејсбук-профил.

Од СДСМ рeагираат и му порачаа „Мицкоски, ако си за иднината, поддржи го референдумот за ЕУ и НАТО, во спротивно остануваш заглавен во минатото, на браникот на криминалот“.

„Христијан Мицкоски декларативно вели дека е за иднина, време е да го докаже тоа на дело и да ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина. Во спротивно, Мицкоски ќе покаже дека лаже и дека всушност е за изолација, назадување и неизвесност. Мицкоски, ЕУ и НАТО се нашата иднина. Ајде, ако си за просперитетна иднина поддржи го референдумот на кој граѓаните ќе го имаат последниот збор и ќе одлучат за македонска иднина во ЕУ и НАТО“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...