fbpx

Мицкоски: Хунтата на Заев притвори пет проценти од собранискиот состав

-

Денеска е уште еден црн ден за демократијата во Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако судот им одреди притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, а нивните колеги, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, добија куќен притвор.

– Хунтата под водство на Зоран Заев продолжи со притворање на сите што не размислуваат исто и кои не се плашеа гласно да се спротивстават на антидржавните политики што СДС ги спроведува периодов. Денешниот ден ќе биде запишан во историјата како ден кога хунтата на Зоран Заев притвори шест народни избраници. Пет проценти од собранискиот состав е во притвор – рече Мицкоски, додавајќи дека ова не е демократија, туку тиранија.

Тој истакна дека народни избраници се испраќаат во притвор, а осудени убијци и терористи се ослободуваат.

– Судот, под притисок на хунтата, на лица кои убија пет момчиња и треба да одговараат за тероризам, им изрекува мерка да се јавувале двапати во неделата, а нивни познаници сè уште се во бегство. Тоа е правдата во Македонија под контрола на Зоран Заев – рече Мицкоски, додавајќи дека на овој начин се закопуваат сите можности за нормално функционирање на Собранието и на институциите кои би требало да ја контролираат извршната власт.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат безусловно запирање на сите процеси на политички прогон и итно и безусловно стопирање на малтретирањата, теророт кој го прави СДСМ.

– Бараме итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон – рече Мицкоски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на улиците сè додека овој реваншизам и тенденциозен атак не престане.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...