fbpx

Мицевски очекува собраниското мнозинство да го прифати законот за амнестија

-

Ќе настапуваме како една пратеничка група, постоењето на повеќе групи не наиде на она што очекувавме, наидовме на непочитување на деловникот и не давање можност да се искаже сето она што требаше, рече новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој додаде дека од поодамна било планирано прегрупирање од десет во една група, а официјално утре ќе го известат претседателот на Собранието, Талат Џафери.

– Остануваме на ставот дека ќе настапуваме во Собранието како и досега, против целата штетна политика на СДСМ – рече Мицевски на прашање дали ќе оди на координација кај собранискиот спикер.

Тој очекува законот за амнестија да биде прифатен од мнозинството.

– Ќе имаме повторно координација во партијата, она што беше понудено како помирување не е прифатливо бидејќи е селективно – рече тој.

Драган Данев во текот на вчерашниот ден му ја отстапи координаторската функција на Никола Мицевски за нов координатор на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие на денешната заедничка прес-конференција порачаа дека ќе настапуваат како една пратеничка група и ќе се борат против лошите политики на СДСМ.

– Оваа одлука е лична и мислам дека е време да се оди со нов координатор на партијата. Верувам дека како пратеник ќе дадам поголем придонес. Поминавме тешка година и ќе настојуваме да ги обезличиме политиките на СДСМ – истакна Данев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...