fbpx

Митрески: Власта повторно собира арач од фирмите

-

Од опозицискиот СДСМ обвинуваат дека „власта во заминување, деновиве повторно собира арач од малите и од средните претпријатија“. Тие посочуваат дека, „власта бара од сите правни субјекти, коишто мораа да воведат фискални каси со ГПРС, да плаќаат нова давачка од 60 евра за воспоставување на некаква ГПРС-врска, која не треба да чини ништо.“

– Целта на власта е да извлече повеќе од 12 милиони евра од претпријатијата, за да може да ги пополнува своите буџетски дупки, за нови барокни фасади и панорамски тркала од 18 милиони евра. Прво, им наметна трошоци и обврска да имаат две фискални каси, потоа измисли казни од 3.000 евра за непоседување ваква фискална каса со ГПРС. А сега, неуспешноста на спроведувањето на ваквите апсурдни мерки ќе го наплаќа со дополнителни 60 евра. Нови 60 евра за ново ништо – изјави пратеникот Јован Митрески.

Тој посочува дека фактот што во септември годинава, УЈП има најмала наплата на ДДВ во последните неколку години, „покажува дека оваа власт со ваквите трошоци што им ги наметнува на претпријатијата, само стимулира сива економија и затворање на претпријатијата“.

– Овој грабеж на малите и на средните претпријатија мора да престане. СДСМ во „Визијата за Македонија“ предвидува дека ќе ги преиспита договорите со овие компании, ќе ја укине ваквата обврска на имателите на фискални каси и евентуалниот реален трошок за тоа ќе го намирува од средствата од буџетот. Исто така, претпријатијата ќе ги ослободиме од плаќање апсурдни казни и давачки. Ќе ја зголемиме наплатата на ДДВ и секој граѓанин ќе има можност да поврати 15 проценти од вкупниот ДДВ што го исплатил на државата во текот на една цела фискална година – додава Митрески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...