fbpx

Мисовски: ВМРО-ДПМНЕ да ги надминат несогласувањата и да ги гласаат уставните измени

-

ВМРО-ДПМНЕ да ги надминат внатрешните несогласувања и да не го спречуваат ЕУ-интегративниот процес, порача потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски. Тој ги повика пратениците од опозицијата да гласаат за уставните измени.

-Не сакам да поверувам дека пратениците и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Ако се случи да не помине гласањето, нема друга опција, преостануваат единствено избори – рече Мисовски.

Тој не сакаше да коментира за можните притисоци врз пратениците. Според него тоа е работа на МВР и извршната власт.

-Исправени сме пред одлука која ја дефинира иднината на државата. Имаме обврска да го следиме гласот на огромното мнозинство. Владиниот предлог е достапен, се потврди дека не се губи ништо туку се зајакнува македонскиот идентитет. Одлуката да се гласа за уставните измени ги зацврстува територијалниот интегритет, државноста и грижата за малцинствата. За многу прашања жестоко сме се расправале, но за ЕУ и НАТО секогаш сме биле согласни – додаде Мисовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...