fbpx

Мисоски го прекина Заев, да не одговара на прашање на Барјам наменето за Филипче

-

Пратеникот Амди Бајрам за време на седницата за пратенички прашања одлучи да постави две прашања – министерот за здравство Венко Филипче го праша зошто во аптеките има лекови со рецепти до 15-ти во месецот а после 15-ти нема, а премиерот Зоран Заев го праша зошто нема Ром како негов советник.

Филипче прашањето за лековите не го одговори конкретно по што премиерот Заев сакаше да го надополни одговорот, но потпретседателот на Собранието, Горан Милевски го прекина потенцирајќи му дека го крши Деловникот.

– Во април, според систематизацијата, ќе го пополнам местото советник за ромски прашања. За прашањето со лековите во аптеките можам да кажам дека влеговме во негово решавање. На граѓаните треба да им биде овозможено сите денови од месецот да имаат лекови – рече Заев.

Тогаш беше прекинат од потпретседателот Мисовски, поради прекршување на Деловникот.

– Извинете премиере, но одговорот на тоа прашање беше поставено до Министерството за здравство, а до вас. Треба да одговорите само на прашањето за советник Ром, таков е собранискиот Деловник, мора да се почитува, не смее да се воведува поинаква практика од таа што е пропишана со Деловникот – рече Мисовски, по што Заев ја напушти говорницата.

На прашањето поставено од Фадил Зендели од Беса за случајот со смртта на малиот Алмир, Заев рече дека Владата останува на ставот да не се меша во судските и јавнообвинителските одлуки бидејќи судската власт е независна.

– Но, не смееме да дозволиме случајот да предизвика поделби по етничка, политичка или било каква основа. Го осудувам и говорот на омраза присутен во јавноста. Од институциите очекувам транспарентност. И мене до крај не ми се јасни објаснувањата кои ги даде Јавното обвинителство. Многу ми е важно да се споделат сите детали затоа што болката е голема кај сите, и кај мене еднаква како и кај сограѓаните Албанци. Очекувам правда и правичност – рече премиерот.

За реформите во правосудството Заев рече дека работните групи интензивно работат и дека продолжува дијалогот со опозицијата.

– Верувам дека ќе создадеме независно законодавство и дека ќе ги имаме најдобрите закони – додаде Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...