fbpx

Мирно заврши протестот против исламизација на Крива Паланка

-

Кривопаланчани денеска во 13.30 часот на Соларски мост одржаа протест против „исламизација на Крива Паланка“.

Организраторите велат дека протестот минал мирно, без инциденти и со масовна посетеност.

– Протестот помина во најдобар ред, мирно и без инциденти. Присутни беа околу 3.000 луѓе, што за град како Крива Паланка од 14.000 жители значи масовност. Пораката што ја испративме на протестот беше дека кривопаланчани се против изградба на џамија во градот, но и сакавме да дадеме до знаење дека тие што сакаат да ја изградат џамијата немаат валидни документи. Во овој град нема доволно муслимани за изградба на таков објект, но често се случува да доаѓаат возила кои имаат тетовски и гостиварски регистарски таблички – вели еден од организаторите.

Следниот чекор што ќе го преземат организаторите е испраќање порака до општинските власти и до инспекциите дека градителите на џамијата ги немаат потребните документи за да изградат таков објект.

Градоначалникот на Општината, Арсенчо Алексов, вчера за „Мета“ изјави дека пред Општината бил изграден параклис, но дека џамија нема да се гради затоа што мнозинство од населението во Крива Паланка е православно.

– Ромското население, во изнајмена канцеларија, направи импровизирана џамија и таму се молат, но официјално, во Општината нема план да се изгради џамија во градот – рече Алексов.

Граѓаните претходните денови собираа и потписи за да покажат дека се против изградбата на џамија во нивниот град.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...