fbpx

Миноски: Со еврообврзницата се обезбеди ликвидност на буџетот

-

Средствата од еврообврзницата нема да се користат само во оваа буџетска година, туку и во наредната, а дел од нив ќе бидат искористени за исплата на долговите, истакна министерот за финансии, Кирил Миноски, во гостувањето во вестите на телевизија „Сител“.

Тој појасни дека „благодарение на вчерашното издавање на еврообврзницата обезбедени се неопходните финансиски средства со што има целоснa ликвидност на буџетот.“

Според него, при издавањето на еврообврзницата во целост е запазена постапката и таа е однапред дефинирана.

– Постапката на издавањето на најновата еврообврзница по ништо не се разликува од издавањето на сите претходни еврообврзници. Сите оние аргументи кои беа изнесувани од страна на опозицијата се целосно невалидни, почнувајќи од аргументот за постоење потреба за верификација од страна на дополнителен министер за финансии, кој  во моментов го немаме затоа што не постои прецизен датум за избори – вели Миноски.

Опозицијата обвинува дека еврообврзницата е издадена незаконски и побара од Министерството за правда да одговори дали пред продажбата издало мислење за нејзината законитост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...