fbpx

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе расправаат за Македонија

-

На денешниот Совет за надворешни работи на Европската унија, што ќе се одржи во Луксембург, ќе се разговара за ситуацијата во Република Македонија.

Според агендата, шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ, за нашата земја ќе разговараат со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Федерика Могерини, а по пладневниот состанок и со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.

Заклучоците што ќе ги донесе Советот на ЕУ, овој четврток и петок ќе бидат усвоени од шефовите на државите и на Владите на земјите-членки на ЕУ, на Самитот на Европскиот совет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите што ги употребува политичкиот противник за Стево Пендаровски се во најголем дел проблематични, бидејќи се базираат на изменета содржина, т.е. или се невистини или полувистини, или, пак, им...