fbpx

Министерство за здравство со препораки како граѓаните да се заштитат од заразни болести

-

Министерството за здравство заедно со Институт за јавно здравје и Центар за јавно здравје-Скопје извршиле санитарно-хигиенски увиди на загрозените подрачја од поплавата во скопскиот регион.

За превенција од појава на заразни заболувања се дадени следниве препораки:

– Да се користат водоотпорни ракавици, гумени чизми, заштитни очила и маски за лице при чистење на куќите.

– Темелно чистење на мувлата и калта со топла вода и детергент.

– Да се фрлат предметите кои биле во контакт со вода од поплавите или доколку нема поголеми оштетувања истите да се исчистат со топла вода и со детергент.

– Отпадокот да се фрла во канти или пластични кеси за отпадок и исклучиво во контејнери кои се наменети за таа цел.

– Самостојно не е дозволиво да се отстрануваат умрени животни, туку да се повика ветеринарна служба да го направи тоа.

– Заштита од комарци со употреба на спреј против инсекти (репеленти) и со носење светла облека, кошули со долги ракави и пантолони со долги ногавици, а на прозорците од домовите да се постават заштитни мрежи против комарци.

– Да се отстрани застоената вода од различни садови, саксии за цвеќе и стари гуми во областите каде што се размножуваат комарците.

Во случај на здравствени проблеми особено појава на дијареа и повраќање, зголемена температура и кожни промени тие апелираат да се побара медицинска помош во најблиска здравствена установа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...