fbpx

Министерство за здравство: Од отровот за кучиња може да страдаат и деца

-

Министерството за здравство апелира да не се фрла отров за кучиња затоа што тој може да биде исклучително опасен и по здравјето на луѓето.

„Апелираме на поголема свесност и совесност зашто злоупотребата на овие материи директно го загрозува и здравјето на децата, кои лесно може да дојдат во допир со фрлените отрови на јавни површини. Според стручните лица во областа, за оваа намена најчесто се користат пестициди или други опасни и токсични хемикалии, кои во директен допир со човекот може да предизвикаат и фатални последици, а дури и вдишувањето вакви хемикалии може да создаде трајни последици по респираторниот систем“, велат од Министерството за здравство.

Оттаму апелираат дека лицата одговорни за предизвикување смртен исход со вакви дејства, може кривично да одговараат во согласност со законите во Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....