Министерството за финансии реагира на пишувањата во дел од медиумите, во кои се вели дека нема пари за исплата на минимална плата, и истакнува дека во однос на исплатата на платите во јавниот сектор ќе ги почитува законите и прописите.
„Во однос на минималната плата, исплатите се вршат во согласност со законските решенија и со доставените барања од буџетските корисници.Кај дел од институциите веќе се префрлени средства за минимална плата и тие истата ја исплаќаат во согласност со законот. Би сакале да истакнеме дека законите еднакво важат за сите и тие во целост се почитуваат од страна на Министерството за финансии“, се вели во соопштението на министерството.