fbpx

Министерствата и општините имаат 2.645 автомобили, најмногу се во МВР – 1.559

-

Министерствата и општините поседуваат вкупно 2.645 автомобили, од кои 2.008 се со набавна вредност од 33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат или не доставиле податоци за набавната вредност, покажува базата на податоци изработена од Центарот за граѓански комуникации.

„Министерствата имаат 2.215 возила вредни 27,2 милиони евра, додека општините имаат 430 возила во вредност од 5,7 милиони евра. Убедливо најмногу возила поседува МВР – 1.559, односно 70 проценти од возилата на министерствата. Следни се Министерство за одбрана со 142 возила и министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со 108 возила. Кај општините, води Град Скопје со 36 возила, потоа Општина Карпош со 16 и Кичево со 14 возила“, се вели во истражувањето.

Тоа исто така покажува дека и централната и локалната власт најмногу возат „шкоди“, „фолксваген“ и „форд“. Сепак, сите пет најскапи возила се „мерцедеси“ купени од министерствата за внатрешни работи (572.780 евра), за надворешни работи (81.301 евра) и за финансии (76.768 евра), како и општините Свети Николе (77.839 евра) и Кавадарци (70.075 евра).

„Просечна цена на купените патнички возила е 16.690 евра кај Владата и 15.051 евра кај општините. Просечна старост на возилата е 12,5 години. Најмлад возен парк имаат министерствата за локална самоуправа и за животна средина, во просек по 8,5 години, додека најстари возила имаат министерствата за правда и за информатичко општество, просечно по 16 години“, се додава во истражувањето.

Во однос на бројот на возила спрема бројот на вработени, произлегува дека најмалку возила по вработен има Општина Дебар, а најмногу Општина Арачиново. Во Дебар, едно возило опслужува 61 вработен, а во Арачиново само двајца вработени.Кај општините, податоци за вредноста на возилата не открија Општина Тетово и Општина Сарај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...