fbpx

Министерот Нухиу во Штип ги праша „Како сте“ само муслиманите

-

Во време на пладневната молитва во џамијата во Штип, без посебна најави, пристигна министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу. Неговата посета е во рамките на проектот „Како сте“ на МВР, преку кој министерот разговара со граѓаните за нивните проблеми.

Нухиу се сретна само со муслиманските верници кои беа на молитва во џамијата.

– Продолжуваме со проектот „Како сте“ и ги прашуваме граѓаните за проблемите што произлегуваат од делокругот на Министерството за внатрешни работи. Јас сум тука за да ја пренесам пораката дека Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе биде секогаш отворено за да ја продолжиме нашата соработка – рече Нухиу.

Нухиу не го посети Секторот за внатрешни работи во Штип, чие седиште е на стотина метри од џамијата.

СВР Штип соопшти дека биле само информирани дека ќе доаѓа министерот и за неговата маршрута, по што му организирале обезбедување, како што налага законот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...