fbpx

Министерот Адеми присуствуваше на конгресот на СОНК во Струга

-

„Министерството за образование и наука (МОН) и Синдикатот за образование наука и култура (СОНК) се долгогодишни партнери и сè што работиме е во насока на подобрување на образовниот процес во сите негови сегменти“.

Ова денеска го истакна министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, на шестиот конгрес на СОНК во Струга.

– До сите заеднички ставови сме дошле благодарение на постојаните средби, на кои сме наоѓале заеднички решенија кои оделе во насока на подобрување на условите за работа на наставниците, професорите и, пред сè, на учениците. На средбите, преку дебати ги усогласуваме ставовите за сите реформи во образованието, почнувајќи од основното, средното и високото образование. Заложбите на министерството за подбра образовна политика биле поддржани од луѓето чија основна и примарна цел е пренесување на своето знаење на учениците – истакна Адеми.

Адеми рече дека партнерството меѓу МОН и СОНК се гради и врз основа на социјалниот дијалог и меѓусебното разбирање за проблемите со кои се соочуваат во секојдневното работење.

– Досега сме постигнале многу во насока на подобрување на социјалниот дијалог меѓу двете страни. Но, сакам да истакнам дека ќе продолжиме да работиме на подобрување на оваа сфера, бидејќи секогаш има простор за донесување нови и подобри решенија – рече Адеми.

Министерот додаде дека образованието е процес кој постојано се развива, подобрува, усовршува.

– Очекувам дека денеска ќе се развие конструктивна дискусија и дека заедно повторно ќе дојдеме до подобри решенија што ќе им ја олеснат работата на сите кои се вклучени во воспитно-образовната дејност. Исто така очекуваме успешен избор на новото раководство на СОНК и убеден сум дека и понатаму ќе продолжиме да соработуваме како и досега – образложи министерот Адеми.

Синдикатот за образование наука и култура денеска во Струга го одржува шестиот конгрес на кој ќе избира претседател и ново раководство.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...