fbpx

Минималецот во Македонија е 12 пати помал од ЕУ

-

Највисоката минимална плата во ЕУ е во Луксембург и таа изнесува 1.923 евра, додека најнискиот минималец е во Бугарија и изнесува 184 долари, објави „Евростат“.

Минималната плата во Македонија од јануари годинава изнесува 9.590 денари (155 евра), што е за 12,4 пати помалку од највисокиот минималец во ЕУ, и за 29 евра помалку од најниската минимална европска плата.

Земјите од ЕУ се поделени во три групи според висината на минималната плата. Во првата група се тие каде минималната плата е помала од 500 евра и во неа спаѓаат Бугарија, Литванија, Чешка, Естонија, Полска и Хрватска.

Во втората група, со плата од 500 до 1.000 евра, се Словенија, Шпанија, Малта, Португалија и Грција.

Германија, Велика Британија, Франција, нордиските и земјите од БЕНЕЛУКС се во третата група со минималец поголем од 1.000 евра. Овие земји имаат подобар просек од САД, каде минималецот изнесува повеќе од 1.000 евра, поточно 1.035 евра.
Според податоците на Европската статистичка агенција, најголем пораст на платите е забележан во Романија, каде од јануари 2008 година минималецот пораснал за 95 отсто. Следна е Бугарија, со зголемување од 64 отсто, потоа Словачка со 58 и Летонија со 57 отсто.

Пад на минималната плата, во однос на 2008 година, е забележан само во Грција и тоа за 14 отсто. Минималецот во Ирска е останат на исто ниво, додека во останатите земји од ЕУ минималната плата се зголемила.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...