Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се гласа за уставните измени


       
Скопје, 19 октомври, 2018 - 15:14 (META) 

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски од претседателот на Собранието, Талат Џафери побара без дополнително одлагање да ја стави точката за уставни измени за изјаснување, да има гласање, и владејачкото мнозинство да види дека нема мнозинство и дека нема мандат да покрене уставни измени.

– Гледаме дека власта одолговлекува со седницата. Деветнаесет дена се одолговлекува точката да се стави на дневен ред за гласање, затоа што владеачкото мнозинство е свесно дека за пратениците е поважно волјата на народот отколку притисиците на кои се изложени. Ние како пратеници ќе го кажеме нашиот став и ќе гласаме согласно волјата на народот, изразена преку пропаднатиот референдум и недевањето мандат за уставни измени – рече Милошоски.

Запрашан дали е точно дека седуммина нивни пратеници ќе гласаат за уставните измени Милошоски изјави дека владејачкото мнозинство треба да ја стави точката на гласање и самите ќе се уверат дека волјата на народот е погласна од притисоците врз пратениците да се изјаснат спротивно на волјата на народот.