fbpx

Милошоски: Снимките за спорот за името што ги објави Заев се селективни и монтирани

-

Антонио Милошоски, поранешниот министер за надворешни работи, на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ излезе со реакција за денешната „бомба“ на СДСМ. Милошески напиша дека снимките за спорот за името се селективни и монтирани, а Заев нелегално ги поседува и злонамерно ги објавува.

„Зоран Заев воопшто немал потреба да се мачи, во соработка со странски служби и со домашни шпиони, на незаконски начин да стигне до монтирани снимки за името, бидејќи најважната снимка за Македонија и наметнатиот спор од Грција е јавна и веќе позната на домашната и на меѓународната публика. Таа снимка трае 25 минути и се надевам дека Заев ќе најде време да ја гледа. Манипулациите во политиката се многу, но вистината за грчко-македонскиот судски спор е една, а тоа е дека Македонија првпат во Хаг, со едногласна пресуда од сите судии, ја извојува својата прва меѓународно-правна победа против дводецениските малтретирања од Грција. Монтираната снимка на Заев за спорот за името ќе остане запишана со темни букви во утрешните весници, но снимката од спорот во Хаг ќе остане запишана со светли букви во македонската историја“, напиша Милошоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...