fbpx

Милошоски: СЈО не работи професионално, туку претпочита партиска работа

-

Последната изјава на госпоѓата Јанева дека вработувањето на нејзиниот внук во Специјалното јавно обвинителство не претставува непотизам е врв на нејзиното потценување на граѓаните и лицемерство кон принципите за транспарентност и за праведно работење, изјави членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

– Катица Јанева и нејзиниот тим не само што го претворија Специјалното јавно обвинителство во партиска испостава на СДСМ, туку без каков било пардон сè повеќе симпатизери, внуци, роднини, пријатели и други луѓе, вдомуваат на државен буџет. Катица Јанева заборава дека е избран функционер и дека не раководи со приватна фирма за да може да вработува кого сака и како сака, туку работи со државна институција основана од Собранието, која треба да даде отчет и пред институциите и пред граѓаните. Со ваквите постапки, госпоѓата Јанева ги потврди мислењата на граѓаните дека СЈО не работи ниту професионално, ниту неселективно, туку претпочита партиска работа, политички активизам и роднински непотизам – вели Милошоски.

Милошоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржала формирањето на СЈО, но дека оттаму немаат намера да поддржуваат и да оправдуваат постапки што ја девалвираат правната бранша и постапки преку кои, според нив, СЈО станува партиска испостава и место за вработување на блиски роднини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...