fbpx

Милошоски: Порано или подоцна, Заев и Верушевски ќе одговараат за тоа што го сториле

-

Со одлуката за повлекување од предметот „Пуч“, Катица Јанева се постави во улога на суд, излегувајќи од сопствените ингеренции и почна сама да ги суди и да ги цени доказите за да му помогне на обвинетиот Зоран Заев, рече на денешната прес-конференција Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Целата јавност, како и госпоѓата Катица Јанева и нејзиниот штитеник, Зоран Заев, знаат за вината и за доказите што се прибрани. Но, да потсетиме, доказите ги оценува судот. Катица Јанева во моментов е обвинителка, а не е судија. И СЈО е обвинителски орган, а не судски совет. Предмети на кои се повикува Катица Јанева за да го ослободи Заев сè уште се во фаза на истрага. А, предметот од кој се откажа и за кој го повлече обвинението имаше правосилен обвинителски акт. Да беше Зоран Заев невин, тој ќе побараше судска разврска на овој случај, а да беше Катица Јанева професионален обвинител, овој случај ќе го доставеше до судот и ќе излезеше на рочиште да ги претставува доказите во улога на обвинител – вели Милошоски.

Милошоски смета дека предметите што ги отвора СЈО се за да му помогне на Зоран Заев да ја избегне својата кривична одговорност и додаде дека порано или подоцна, Зоран Заев и Зоран Верушевски ќе одговараат за тоа што го сториле.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...