fbpx

Милошоски: Нухиу да не врши притисок без основа да се апсат што повеќе луѓе

-

Институциите што се грижат за владеење на правото не смеат да приведуваат недолжни луѓе, брзајќи да покажат некаков резултат по немилите настани што се случија во Собранието, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на извршниот комитет на партијата, Антонијо Милошоски, на прес-конференција.

Тој побара правосудството да внимава и да ги користи истите стандарди како во случаите со припадниците на „Шарената револуција“ лани.

– ОЈО и судовите не смеат да имаат поинаков аршин за овие настани од тој што го имаа за настаните при насилствата врз полицијата направени од „шарените протестанти“ изминатата година, кои протестираа потплатени за тоа. Тие вршеа насилство врз македонските полицајци, демолираа или оштетија одредени институции – рече Милошоски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ вината за немирите ја лоцира во СДСМ.

– Потсетуваме дека предизвикувач на овој народен бунт е токму СДС, кој 60 дена ги игнорираше граѓаните, нивното мислење, нивните мирни и демократски протести, ги провоцираше со навреди, со погрдни зборови, со омаловажувања. Го предупредуваме и министерот за внатрешни работи, господинот Нухиу, да не врши притисок на вработените во Министерството по секоја цена да апсат што повеќе луѓе без основа за тој да добие политички поени или да се покаже како многу способен – рече членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Во истакнувањето на албанското знаме на бирото на Талат Џафери, Милошоски гледа потврда дека СДСМ ја прифатил „тиранската платформа“ и дека нејзината реализација веќе почнала.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...