fbpx

Милошоски: Изборот на Џафери е преседан и само ја одолжува кризата

-

„Со изборот на Талат Џафери се направи голем и тежок преседан. Тој преседан значи погазување на процедурата на правото и на демократијата, а сè за да се задоволат некои лични, политички или партиски амбиции“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, во изјава пред Собранието.

– Секој незаконски чин што оди во насока на демонстрирање политичко насилство, без да се почитуваат процедурите, само ќе ја одолжува политичката криза и не е во интерес ниту на државата, ниту на граѓаните како носители на нејзиниот суверенитет. Ние пратениците од Коалицијата за подобра Македонија цениме дека како политичка коалиција треба да ги застапуваме интересите на граѓаните и на народот. Ќе продолжиме да го правиме тоа со два приоритети. Прв приоритет е интересот, стабилноста и напредокот на Македонија, а втор приоритет е унитарна, стабилна и демократска Македонија со интересот на граѓаните на прво место – вели Милошоски.

Како одговор на новинарско прашање што мисли за пораките упатени од меѓународната заедница, Милошоски рече дека процедурите во Собранието и почитувањето на деловникот не се должни да ги промовираат и да ги штитат луѓе што не се дел од Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...