fbpx

Милошоски го поддржува Ѓорчев за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

-

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски ја поддржа кандидатурата на неговиот колега Влатко Ѓорчев за претседател на државата. Тој на својот „Фејсбук“ профил му честиташе на Ѓорчев за мотивираноста и му вети дека ќе гласа за него на конвенцијата на партијата во Струга.

„Најбитното за ваквата поддршка е тоа што со Ѓорчев споделуваме блиски гледишта за надворешно-политичките приоритети на Република Македонија (втемелени на македонско-американското стратешко партнерство што го потпишав во 2008 година, стратешкото партнерство со Турција, партнерските односи со државите членки на ЕУ и определбата за проактивна мултилатерална дипломатија во ОБСЕ, ОН и Советот на Европа). Го ценам тоа што Влатко Ѓорчев како личност цврсто се залага за промоција на семејните вредности како темелна основа во општеството, а како пратеник одлично знае што значи да се биде непосредно избран од граѓаните, како темелна вредност во демократијата“, вели Милошоски.

Тој го оцени како правилен ставот на Ѓорчев да не гласа за, како што вели, незаконскиот референдум, „каде мнозинството Македонци јасно беа против октроираниот проект на Заев за менување на уставното име на Македонија“.

Милошоски е убеден дека Влатко Ѓорчев има потенцијал да ја добие поддршката на најголемиот број на делегати на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ на 16 февруари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...