fbpx

Милошоски: Да не дозволиме новиот партиски лидер да биде марионета

-

Да не дозволиме новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ да биде марионета, изјави пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски пред почетокот на седницата на Извршниот комитет, вечерва во штабот на партијата.

Тој додаде дека, барањата на членовите на партијата се добронамерни, со цел, како што рече, да не се дозволи, „новиот партиски лидер однапред да биде познат и избран во една недемократска и нефер трка за претседател на партијата“.

Коментирајќи ја изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во оставка, Никола Груевски дека одлуката за одржување на вонреден конгрес била донесена едногласно, Милошоски рече дека, многупати досега разговарале со Груевски во четири очи, а било разговарано и на состаноци со поширокото партиско раководство, но нивните сугестии биле прифатени само декларативно.

Пратеникот Илија Димовски, рече дека очекува рационална одлука на вечерашната седница на Извршниот комитет, каде најави дека, официјално ќе ги презентира барањата за транспарентен избор на нов претседател и одложување на Конгресот.

– Многупати досега дававме сугестии и забелешки, но во изминативе две недели нашите барања не беа соодветно третирани – рече Димовски.

Прашан дали ќе се кандидира за претседател, тој рече дека нема таква намера, па дури и Конгресот да биде одложен за во февруари.

– Мислам дека не е време за персонални решенија – рече Димовски.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница треба да го разгледа писмото потпишано од 30-на членови од партијата, со кое се бара,Kонгресот што треба да се одржи викендов, да се одложи за во февруари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...