fbpx

Милош Земан останува претседател на Чешка

-

Актуелниот претседател на Чешка, Милош Земан победи на претседателските избори во земјата, објавија медиумите. Резултатите по пребројани 94,95 отсто од гласовите покажуваат дека Земан во вториот круг освоил 52,16 отсто, наспроти неговиот противкандидат Јири Драгош со освоени 47,83 отсто од гласовите.

Во првиот круг од претседателките избори, Земан освои 38,6 отсто гласови, а Драхош 26,6 отсто. Анкетите предвидуваа тесна трка во вториот круг.

Претседателските избори во Чешка се сметаа за референдум за 73-годишниот Земан кој се залага за поблиски односи со Русија и Кина, ја поддржува острата политика кон мигрантите, а го поддржа и Доналд Трамп во кампањата во 2016 година.

Според политичките аналитичари, Земан досега никогаш не го довел во прашање членството на Чешка во Европската Унија, но, од друга страна, има речено дека би поздравил референдум за излегување од Унијата.

Неговиот противкандидат Јири Драгош, кој е професор по хемија и претседател на Чешката академија на науки во два мандати, сака да го промени трендот на поларизација на чешкото општество. Тој како и Земан ги отфрли квотите на ЕУ за прием на мигранти, но за разлика од актуелниот претседател, смета дека земјата треба да направи разлика помеѓу економски мигранти и оние кои бегаат од војна и насилство.

Претседателот на Чешка има ограничена извршна власт, но, тој го именува премиерот и гувернерот на централната банка, ја претставува земјата во странство и може да има големо влијание на јавното мислење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...