fbpx

Милибанд, Клег и Фараж си дадоа оставки од лидерските функции

-

Лидерот на лабуристите, Ед Милибанд, лидерот на либералдемократите, Ник Клег, и лидерот на антиевропската и антиимигрантската Партија за независност на Обединетото Кралство (УКИП), Најџел Фараж, денеска поднесоа оставки откако синоќа на британските парламентарни избори претрпеа тежок пораз од конзервативците на Дејвид Камерон.
Либералдемократите освоија само осум места, со што изгубија 49 места во Долниот дом. Аналитичарите велат дека причината за ваквиот пораз е одлуката на Клег пред пет години да влезе во коалиција со „идеолошкиот противник“, Конзервативната партија.

Фараж поднесе оставка на лидерската функција откако не успеа да стане пратеник. Тој во своето последно обраќање рече дека многу подобро е што победиле конзервативците, а не сојузот на лабуристите и на шкотските националисти.

Лабуристот Милибанд не чекаше да ги дознае конечните изборни резултати пред да ја поднесе оставката, бидејќи стана сосема јасно дека лабуристите претрпеа тежок пораз. Тој ја презеде одговорноста за поразот на партијата и рече дека е време некој друг да го преземе партиското кормило.

Камерон денеска попладне ќе се сретне со кралицата Елизабета Втора во Бакингемската палата, каде таа, формално, ќе го повика да ја формира новата влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...