fbpx

Милчин: Дојдовме да ја ослободиме слободата

-

Македонијo, мајко милa, дали гледаш колку многу луѓе те сакаат денеска и овде, рече режисерот и директор на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“, Владимир Милчин, на денешниот собир „Граѓаните за Македонија“ и побара оставка од премиерот и од цела влада.

– Никола Груевски, душману наш, дали гледаш, дали слушаш колку многу луѓе не те сакаат. Оди си! Оди си! Оди си! Јас знам дека не сака да го гледа ова. Сигурен сум дека ако не сака да го гледа ова, некој ќе му каже дека да се сака Македонија, е обратно од тоа да се сака Никола Груевски. Ветивме и дојдовме, наспроти сите препреки, забрани, етикети и марифети на власта да го задуши крикот на граѓаните за слобода, од заглавени лифотви до попречени шлепери… Дојдовме презаситени од стравот и гладни за слобода! Слобода! И уште еднаш, слобода, Грујо! – рече Милчин.

Милчин рече дека граѓаните се дојдени за да ја освојат слободата, поточно да ја ослободат слободата, велејќи дека Груевски ја дотерал работата дотаму што мора да се ослободи слободата.

– Тука сме за остварување на сонот. Бараме оставка на Никола Груевски, враќање на јавниот сервис во рацете на граѓаните. Оставка на јавниот обвинител. Јас сакаме Македонија, но не го сакаме Грујо. Грујо замини! – рече Милчин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...