fbpx

Милановиќ: Ужаснати сме иако не можеме да ја потврдиме информацијата

-

На конференцијата за печат по повод можното погубување на Томислав Салопек, хрватскиот приемиер Зоран Милановиќ истакна иако сè уште не може со целосна сигурност да потврди дека хрватскиот државјанин е погубен, некој мора да ја прекине тишината.

– Мораме да ја прекинеме тишината, некој тоа мора да го направи. Моја должност е на хрватската јавност да ѝ го кажа она што нè ужаснува. Не можеме со стопроцентна сигурност да потврдиме дали е вистина и не знам ни дали ќе можеме – рече Милановиќ.

Примиерот, исто така, ги повика граѓаните, фотографиите од можното убисто да не ги споделуваат, за да ги заштитат децата од вознемирувачки сцени.

Освен тоа што истакна дека Владата на Хрватска им стои на апсолутно располагање на семејството на Салопек, Милановиќ нагласи дека сè додека има малку надеж и понатаму ќе „копаат“.

На новинарско прашање дали Хрватска ќе учествува во понатамошни акции против Исламската држава, премиерот одговори негативно и ги повика граѓаните на Хрватска на внимателност и да избегнуваат заминувања во одредени делови на светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...