fbpx

„Метаморфозис“ организира работилница за слободата на изразување онлајн и офлајн

-

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ организира работилница „Разбирање на слободата на изразување онлајн и офлајн“, која ќе се одржи на 12 април во Клубот на новинари во Скопје.

На работилницата ќе бидат претставени основните концепти во сферата на слободата на изразување, како и актуелните и релевантните стандарди на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на слободата на изразување на и вон интернет.

Основа за работилницата е публикацијата „Први чекори во разбирањето на слободата на изразување онлајн и офлајн“ чија подготовка е поддржана од страна на Американска адвокатска комора (АБА РОЛИ) и Стејт департментот како дел од Проектот за Интернет слобода во Источна Европа и Евроазија.

Публикацијата е достапна на македонски и албански јазик, кои ќе бидат работни јазици на работилницата, со обезбеден симултан превод.

Пријавувањето трае до вторник, 10 април, до 17 часот преку пополнување на формуларот за регистрација, по е-пошта на [email protected], или на телефон на 02/3109-325 (лице за контакт Горан Ризаов).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...