fbpx

„Метаморфозис“ и „Мајкрософт“ го помагаат цивилниот сектор во дигиталната трансформација

-

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, во соработка со локалната канцеларија на „Мајкрософт“ во Албанија, на 7 март ја организираа конференцијата „Тек фор гуд“ (Tech4Good) во Тирана, со учество на претставници од граѓанскиот сектор.

Конференцијата се одржа за да им се помогне на претставниците на цивилниот сектор во дигиталната трансформација, преку донациите добиени преку платформата „Тек суп Балканс“ од донаторот „Мајкрософт“.

– Оваа конференција има цел на непрофитните организации во Албанија да им ги презентира можностите што им ги нуди „Мајкрософт“ преку софтверските пакети за да ги исполнат успешно нивната мисија и цели – изјави извршниот директор на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардил Јашари.

Овие донации се на располагање на непрофитните организации што имаат статус на друштва на граѓани.

– Познавањата што ги имаат организациите околу овие продукти се многу мали, како што се и познавањата за технологиите што можат многу да им ги олеснат работните процеси  – рече менаџерката за образовни програми на „Мајкрософт“ во Албанија, Косово и во Македонија, Влора Адеми.

На конференцијата присутните имаа можност да слушнат и за предизвиците со кои се соочуваат непрофитните организации во Албанија, а кои наведоа дека технологијата навистина им помогнала да ги надминат финансиските тешкотии и да ги намалат трошоците на организациите користејќи ги овие донации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...