fbpx

Металург одговори: Несериозно е да се навредува и омаловажува стручњак како Червар

-

По соопштението на играчите на РК Металург, во кое објаснуваат зошто не заминаа на гостувањето кај Загреб од СЕХА-лигата, со соопштение се огласија и од раководството на клубот.
„Служејки се со лаги, подметнувања и со добро смислени конструкции, мал дел од ракометарите, поддржани однадвор, конечно се одважија да го покажат вистинското лице. Криејќи се зад минатиот труд, божемната лојалност, посветеност и „професионализам“, заведувајќи го остатокот од тимот, идејните творци на вчерашниот „маневар“, извршија обид за подривање на угледот на македонскиот ракометен шампион“, стои во соопштението од клубот.

Во писмената реакција се вели и дека е несериозно и навредливо да се омаловажува и навредува стручњак како Лино Червар, кој со доаѓањето во Скопје го внесе клубот во извонредно успешна и блескава ера и воспостави врвна работа во академијата на Металург.
„Металург веќе презеде решителни мерки за справување со „професионалците“, испраќајќи силна порака до сите дека никогаш и под никакви услови нема да дозволи да си поигруваат со името, интегритетот и со кредибилитетот на клубот, што и во иднина ќе остане посветен на својот зацртан план за работа и за развој. Во исто време Металург ќе ги искористи сите механизми пропишани во статут на клубот за бескомпромисно решавање на настанатата ситуација, односно со покренување дисциплински постапки против сите инволвирани во последните настани“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.