fbpx

Металург не замина за Загреб, натпреварот е откажан

-

Натпреварот од шестото коло на СЕХА-лигата меѓу Загреб и Металург што требаше да се игра денеска во 17 часот е откажан. Ова го потврди хрватскиот клуб на нивната официјална страница на „Фејсбук“.

Интегрално соопштение од играчите на Металург:

Екипата на Металург требаше да отпатува за Загреб утринава во 4 часот, но никој не се појавил на аеродормот „Петровец“, а во Загреб биле информирани дека нема да се патува.

Играчите на Металург со писмено соопштение ја објаснија ситуацијата во клубот. Соопштението ви го пренесуваме во целост.

„Почитувани љубители на ракометот и на спортот воопшто, и наши верни навивачи. Имаме обврска и потреба да ве запознаеме со најновите настани во нашиот клуб РК Металург. Од вчера, сите играчи на клубот РК Металург повеќе не одат на редовни тренинзи од причина што сме длабоко разочарани и огорчени од начинот на кој со нас се однесува раководството на клубот заедно со тренерот Червар, состојба што трае веќе одреден период и која за нас претставува голем проблем, а нема никаква врска со финансиската состојба во која се наоѓа клубот. Малкумина се запознаени со односот на тренерот кон нас. Тој постојано го омаловажува нашиот учинок во клубот, како и сето она што досега сме го постигнале, дури и во најтешките ситуации и наш впечаток е дека негов интерес не е ниту Металург, ниту ние како играчи, ниту, пак, гаење нови домашни кадри, туку неговиот личен инетерс, а тоа е што подолго да се остане во клубот по секоја цена, притоа без никаква емоција кон спортот, клубот или, пак, играчите. Од август годинава, сите ние почнавме со нови сили, ентузијазам и со еуфорија дека оваа сезона, како и минатата, повторно ќе бидеме едни од најдобрите во Европа, неприкосновени во Македонија, и дека повторно ќе носиме радост и задоволство на сите луѓе кои се радуваа на нашите успеси. Меѓутоа, уште на почетокот на сезоната, нашиот тренер почна со некои нови концепти, нејасни за никого, освен веројатно за него, кои самиот решил да ги спроведува по секоја цена, на која краен исход е само сопствена егзистенција во клубот. Го поздравивме неговиот напор да се засили екипата со уште нови играчи, бидејќи минатата сезона беше доста напорна и реално требаа уште играчи за да може да се издржи истото темпо. Но, концептот да се уништат оние со кои досега беа постигнати едни од најдобрите резултати во клубот, не е во ред, особено што повеќето се домашни играчи кои со срце и душа играат за клубот. Одговорно тврдиме дека повеќето натпревари што досега ги изигравме, а кои ги изгубувме, лесно можеа да се добијат, но од нејасни причини тренерот заедно со раководството правеше нарационални потези, поради кои ние не бевме во можност да победиме. Како, на пример, оставањето на Станиќ и Атман во Скопје за натпреварот со Брест, а кои по тој натпревар сè уште беа членови на клубот, чудни потези и негово нетипично однесување на натпреварот во Загреб, каде реално можевме да си отидеме како победници. Токму затоа, нè чудат ваквите постапки на тренерот, бидејќи сите ние сме во клубот, и во спортот воопшто, со една цел, а тоа е секогаш да одиме на победа и да се искористи максимумот кој го поседуваме, а тоа честопати оваа сезона не беше случај. Како некој намерно да сака да губиме, само за да се омаловажи квалитетот на одредени играчи. Меѓутоа, тажно е што вложиваме толку труд, а изгубеното тешко може да се надомести. Наше мислење беше дека сè уште може да се спаси оваа сезона, што беше, секако, и наша најголема желба, меѓутоа со ваквите потези и размислување тоа стана невозможно. Од страна на тренерот постојано има желба за раслојување на играчите, со постојани перфидни игри кои неуморно секојдневно ги игра, а наша желба е само да бидеме еден тим кој заеднички ќе функционира со иста цел. Сакаме уште еднаш да кажеме дека последните изгубени натпревари немаат никаква врска со финансиската ситуација на клубот, бидејќи ние секогаш се бориме за победа, платени или неплатени, туку само со тенденциозно водење на кадарот. Досега молчевме од причина што сме воспитани и бевме лојални на клубот, меѓутоа последната состојба беше неиздржлива за сите играчи, млади, стари, домашни и странски, па токму поради сите заедно се решивме на ваков радикален чекор. Што се однесува до спонзорот Јорданов, ние баравме директна средба со него, мислејќи дека тоа и сме го заслужиле бидејќи најчесно си ја извршувавме својата работа. Досега бевме толерантни во однос на финансиите и уште ќе бевме, но условите за работа со раководството и тренерот станаа невозможни за сите.

Со почит,

Играчите на РК Металург

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...