fbpx

Мета ги повика лидерите на партиите да се воздржат од екстремни изјави

-

Претседателот на албанскиот парламент и лидер на Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), Илир Мета, истакнал дека партиите мора да работат заедно за изборите да бидат одлично спроведени, да се држат подалеку од нивните екстремни позиции за да нема катастрофални и несакани последици за земјата и за нејзината иднина, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана.

Албанскиот премиер Еди Рама, пак, изјавил дека неговата Социјалистичка партија е подготвена да оди на избори и без опозицијата.

Во интервју за „Њус 24“, тој истакнал дека партиите не одлучуваат кога ќе одат на избори, туку гласачите кои ги повикуваат партиите на избори, во согласност со уставот.

Дваесет опозициски партии на 10 март испратија писмо до Централната изборна комисија на Албанија дека нема да се регистрираат како учесници во изборите, ниту како поединечни партии ниту како опозиција, официјализирајќи го така својот бојкот на изборите. Тие велат дека ќе стојат на одлуката сè додека не се постигне политички договор што ќе овозможи слободни и фер избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...