This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Tue Dec 18 19:42:21 2018 / +0000 GMT

Месната индустрија побара продолжување на царинските олеснувања




Во услови на економски пад, месната индустрија забележала пораст на извозот за 60 отсто, а производството се зголемило за 30 отсто. Ова се резултите на привремена мерка на Владата за ослободување од царина на дел од суровините, што се употребуваат во производството на месните преработки.

Постигнатиот резултат беше повод компаниите од месната индустрија денеска во Свети Николе, да му предадат ново барање на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Гоце Трајчев од фабриката „МИК“, рече дека не барале субвенции како земјоделците, ниту протекционизам.

- Бараме само изедначување на условите за работење како за странските конкуренти кои се со слични или вакви производи на нашиот пазар - рече Трајчев.

Post date: 2018-10-10 16:39:48
Post date GMT: 2018-10-10 14:39:48
Post modified date: 2018-10-10 16:39:48
Post modified date GMT: 2018-10-10 14:39:48

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com