fbpx

Меркел: Ердоган претера, нема место за споредување со нацизам

-

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нема оправдување за тоа што турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ја споредил забраната за некои политички собири во Германија со нацистичка практика.

Таа рече дека коментарите на Ердоган само ги „ревитализираат неспоредливите страдања на жртвите од нацистичките злосторства против човештвото“.

Меркел призна дека постојат длабоки несогласувања помеѓу Берлин и Анкара по прашање на слободата на изразувањето.

Сепак, како што истакна канцеларката, Германија останува посветена на почитување на слободата на изразување, собирање и на говор.

Меркел додаде дека Германија и понатаму ќе им дозволува на турските политичари во земјата да водат кампања за референдум за промена на уставот во Турција, под услов тоа да биде транспарентно и навреме најавено и да биде во склад со германските закони.

Германските власти минатата недела забранија состаноци во два града, на кои Ердоган имал намера да собере поддршка од милион луѓе за референдумот во Турција, кој е закажан за април, а на кој се одлучува за проширување на претседателските овластувања.

По тој повод, Ердоган во Истанбул порача дека Германија нема допирни точки со демократијата и дека одлуката за забрана на собирите е „од нацистичка природа“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...