Меркел со писмо до Заев: Да се преземат важни чекори за имплементација на Договорот со Грција


       
Берлин, 9 октомври, 2018 - 16:02 (META) 

Договорот од Преспа нуди историска шанса за Македонија и за зајакнување на добрососедските односи, нагласува германската канцеларка Ангела Меркел во писмото до македонскиот премиер Зоран Заев.

„На 30 септември огромно мнозинство од над 90 отсто од оние кои учествуваа на референдумот гласаа „за“ договорот со Грција. Договорот нуди шанса за историски договор и зајакнување на односите меѓу двете земји. Тој исто така ја отстранува клучната пречка за приближување на земјата кон ЕУ и НАТО. Сега е клучно да се преземат многу важни чекори за имплементација на договорот за името со усвојување на неопходните уставни амандмани. Ќе продолжам да соработувам со вас за остварување на оваа цел“, наведува Меркел во писмото до Заев, објавено на веб страницата на германската Влада.