fbpx

Меркел – Рама: Судските реформи и изборите, услов за почнување на преговори со ЕУ

-

На заедничка прес-конференција одржана денеска во Берлин, по средбата со премиерот на Албанија, Еди Рама, германската канцеларка Ангела Меркел истакна пет приоритети што Албанија мора да ги исполни за да ги почне преговорите со Европска Унија. Ова значи дека Албанија најверојатно нема да добие позитивен одговор за почнување на преговори во декември.

На прес-конференцијата, Меркел рече дека Албанија имала напредок, но го охрабри Рама да обезбеди ЕУ-стандарди за изборите, кои ќе се одржат во 2017 година.

Во нејзините забелешки, канцеларката Меркел истакна пет приоритети: борбата против криминалот, борбата против корупцијата, имплементација на судските реформи со примена на препораките од ОБСЕ/ОДИХР, како и воспоставување на повисоки стандарди за претстојните избори.

Премиерот Рама ја поздрави поддршката што Германија ѝ ја дава на Албанија и рече дека петте приоритети се водич кон ЕУ-интеграцијата. Тој ѝ посочи на Меркел дека оставањето на Албанија и на регионот надвор од ЕУ, се ризикува регионална дестабилизација.

– Албанија бара и заслужува иста лојалност од ЕУ, како онаа што таа постојано ѝ ја покажува на Унијата – рече Рама.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...